На лекување во Скопје се препратени 57 годишен возач на комбе со повреда на главата и 55 годишен патник со повреда на лакт.
Преостанатите 14 од вкупно 16 лица кои биле донесени во болницата се’ со полесни повреди, од кои некои се задржани, а некои по укажаната лекарска помош ја напуштија и до утре наутро ќе ја напуштат болницата и ќе си заминат дома. Со возило на Брза помош осум од повредените биле однесени на преглед во велешката Општа болница, а уште осум со приватни автомобили.
Билјана Ѓаковска портпарол на СВР Велес за МИА потврди дека се случила сообраќајка меѓу патничко и товарно комбе во 14,50 часот после крстосницата кон село Војница на угорницата кон Чашка. Екипи на СВР Велес извршиле увид за причините на сообраќајната несреќа.