Познати „Целосно непознат“

Објавени првите слики од новиот биографски филм за Боб Дилан

-Најдобрите филмови од вистинскиот живот никогаш не се „од лулка до гроб“, туку за многу специфичен миг, изјави Манголд во неодамнешно интервју.

Објавени првите слики од новиот биографски филм за Боб Дилан

Во тек е снимањето на биографскиот филм за Боб Дилан под наслов „A Complete Unknown“ (Целосно непознат), во режија на Џејмс Манголд. Во улогата на славниот пејач и писател е Тимоти Шаламе.

Филмот, инаку, се снима во Њујорк, САД, а сега се објавени и првите кадри. На нив, 28-годишниот глумец со гитарата в рака се обидува да ги долови 60-тите, следејќи го подемот на младиот Дилан по неговото преселување од Минесота во Њујорк. Во филмот глумат и Ел Фенинг, Моника Барбаро, Ник Оферман, Бојд Холбрук и Едвард Нортон.

-Најдобрите филмови од вистинскиот живот никогаш не се „од лулка до гроб“, туку за многу специфичен миг, изјави Манголд во неодамнешно интервју.

Филмот се сосредоточува на она кога 17-годишен тинејџер со 16 долари во џебот доаѓа во големиот град и го запознава Вуди Гатри, кој починал од нервен слом. Момчето се среќава и спријателува со Пит Сигер, Џоун Баез и сите други луѓе кои се дел од неговиот живот.  (МИА)

To top