Познати

Ракопис на Боб Дилан продаден на наддавање за за 508.000 долари

Ракопис на Боб Дилан продаден на наддавање за за 508.000 долари

Нацрти на една од најпознатите песни на Боб Дилан – „Mr. Tambourine Man“, отчукани на машина, е продаден на аукција за 508.000 американски долари. Пожолтените два листа, инаку, содржеле три верзии на стиховите на песната, коишто на крајот не завршиле во крајната и снимена верзија, пренесува „Дедлајн“ (Deadline).

Листовите содржат белешки рачно напишани од Боб Дилан.

Песната, за којашто се верува дека е напишана 1964 година, го достигна првото место на „Билборд хот 100“ (Billboard Hot 100) и исто така беше на врвот на листите во Обединетото Кралство. По Дилан, песната ја преработи групата „Брдс“. И приказната на музичкиот новинар Ал Ароновиц за тоа како настанала песната е вклучена во продажбата. Ароновиц, имено, пишува како Дилан дошол во неговиот дом и ја минал ноќта пишувајќи и уредувајќи го текстот на машината за пишување што била во куќата.

На наддавањето беше на продажба и тексас-јакната што Дилан ја носеше во филмот „Огнени срца“ (Hearts in Fire) (1987), како и некои други негови нацрти. „Би-би-си“ пренесува дека аукциската куќа продала предмети во вредност од речиси 1,5 милиони долари.

To top