Додека сите се прашуваат каде е Кејт Мидлтон и како е кралот Чарлс откако му беше дијагностициран рак, сега постои пророштво кое „открива“ кој е новиот британски крал.
Британскиот двор моментално се соочува со големи пресврти – сите се прашуваат каде е Кејт Мидлтон затоа што од неа нема ни трага ни глас од декември минатата година, а теориите на заговор растат дури по монтираната фотографија со децата што ја објави Палатата.
Од друга страна, официјално беше објавено дека кралот Чарлс има рак и дека се опоравува.
Но бидејќи ниту за него нема повеќе детали и јавноста во основа не знае точно каков е, фокусот на социјалните мрежи сега е ставен на пророштвото на Ностарадамус за 2024 година, во кое се споменува кој ќе биде новиот крал на Британија.
I’m reading about Nostradamus’s prophecies right now. I’m fully locked in.
Apparently Nostradamus predicted in 1555 that a future British king’s rule would be cut short by a health setback and that he would be replaced by someone unexpected. 👀https://t.co/tZs3LGrRDk pic.twitter.com/ToyxBgx95T
— Imani Gandy (Orca’s Version) ⚓️ (@AngryBlackLady) March 18, 2024
Само 18 месеци по крунисувањето на Чарлс, сега се споменува неговиот наследник. По правило, тоа треба да биде неговиот постар син Вилијам, но пророштвото на францускиот астролог и филозоф од 16 век вели дека кралот ќе има кратко владеење поради болест и дека ќе го наследи некој неочекуван.
Пасусот гласи: „Кралот на островите истеран со сила…заменет со оној кој нема да носи никаков знак за крал“.
Според „Economictimes.com“, толкувањата на оваа реченица водат до – принцот Хари
Принцот Хари ќе го преземе тронот бидејќи тој е оној без знакот на кралот, т.е. тој практично беше отстранет од семејството и сега е далеку, во Америка, пишува „NYPost“.
Сето ова дополнително се искомплицира со веста дека Хари неодамна дошол да го види својот татко кога дознал дека е болен. Медиумите пред неколку недели пишуваа дека Хари поминал долг лет со авион само за средба од 45 минути со својот татко, а потоа повторно се вратил со авион дома. За многумина тоа беше доволен доказ дека двајцата се договориле за нешто важно. А некои забележуваат дека, од друга страна, не е познато дека Вилијам воопшто го посетил својот татко.
Интересно, многумина забележуваат и дека Нострадамус имал необична способност да ја предвидува судбината на кралското семејство. Во неговите записи, наводно, било забележано дека кралицата Елизабета Втора ќе умре на 96-годишна возраст, што навистина се случило.