Македонија состојбата е алармантна

Димитриеска Кочоска: Криминалот и корупцијата на власта ги изедоа парите, растот на БДП е 1%, а јавниот долг од 62,1% ја надмина дозволената граница

Може да зборуваме за катаклизма во буџетот, за банкрот затоа што навистина состојбата е алармантна. Дојдовме до ситуација од 1% раст на БДП, а се фалеа дека се грижеле во континуитет за инвестициите, дека растат инвестициите, изјави потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска за „360 степени“ на МТВ.

Димитриеска Кочоска: Криминалот и корупцијата на власта ги изедоа парите, растот на БДП е 1%, а јавниот долг од 62,1% ја надмина дозволената граница

Димитриеска Кочоска истакна дека ако ги гледаме податоците ние имаме 62,1% јавен долг и веќе се надмина оној дозволен, според фискални правила во Законот за буџет каде стои дека се дозволува нивото на јавниот долг да оди до 60% од БДП, а сега сме 62,1%. 3% ќе биде буџетскиот дефицит, и тоа покажува дека состојбата е алармантна.

– Има потрошено над 700 милиони евра пари кои не дале никаков резултат, а на тоа мислам на капиталните расходи. Прашањето е за што се потрошиле парите. Ако се потрошиле наменски за капитални инвестиции, немаше БДП да биде 1% туку повисок. Реалноста е дека многу мал дел од овие средства отидоа за капитални инвестиции, сето останато се најразлични трансфери кои се даваат по претпријатијата. Последните 3 години има 360 милиони евра трансфери дадени на ЕСМ, а со тие пари ќе направеа огромна централа. Тоа се пари да се покријат криминалите и корупцијата, а не да се субвенционира струја. Криминалот и корупцијата ги изедоа парите. Дојде да не може плати да се исплатат, потенцираше таа.

Димитриеска Кочоска истакна дека нема оправдувања дека било криза затоа што претходно за време на владата на ВМРО-ДПМНЕ за време на кризите во 2009 и 2012 кои беа огромни финансиски, тогаш бевме лидери во справување со кризата во земјите од Западен Балкан сега сме на дното.

– 236 милиони евра има аванси за коридорите 8 и 10 дадени за работа која не е ни почната. Доколку тие пари беа искористени за нешто што реално ќе се направеше ќе имаше поголем раст на БДП. Да се вратиме во 2020 година и да не заборавиме дека воопшто немаше никакви мерки за штедење, јас бев во техничката влада во 2020 година кога не внимаваа на ниту еден трошок. Голем дел од компаниите беа затворени, а не се преземаше ништо расходната страна да се скрати и се однесуваа како да нема криза. Државниот завод за ревизија имаше еден куп забелешки како беа потрошени парите и тој кажува дека се давани пари на компании за кои немало контрола како се потрошени, а требало да бидат вратени. Давани се пари на компании кои не исполнувале критериуми и услови. Се трошело без усул, нагласи Димитриеска Кочоска.

To top