Изгоре луксузниот дом на американската манекенка Кара Делевињ, кој се наоѓа во Лос Анџелес.
Се претпоставува дека пожарот избувнал надвор и стигнал до задниот дел од вилата, по што се проширил на поткровјето. Манекенката не била присутна, а во вилата немало други луѓе.
Таа моментално е во Велика Британија поради деловни обврски, а на Инстаграм сподели фотографија од своите мачки.
„Денес моето срце е скршено. Не можам да верувам. Животот може да се смени додека трепнеш. Цени го она што го имаш“, изјавила таа додавајќи дека нејзините две мачки биле спасени благодарение на пожарникарите.