Поранешниот ракометар на Вардар обелодени дека ќе игра и во сезоната 2024/25 во дресот на хрватскиот шампион Загреб.
Во изјава за „Balkan-handball“ левото крило на руската репрезентација потврди дека, во договор со семејството, се согласил на уште една сезона во дресот на Загреб.
Дибиров игра одлична сезона и со првакот на Хрватска ќе се бори за четвртфинале на Лигата на шампионите во двомечот против Монпелје. Русинот е втор најдобар стрелец во историјата на Лигата на шампионите зад нашиот Кирил Лазаров.
Пред да дојде во Хрватска, Дибиров девет години играше за Чеховски Медведи и девет во Вардар. Со македонскиот шампион Русинот двапати стана европски првак.