На 13.03.2024 во 09.15 часот на улица „Гоце Делчев“ во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го привеле Б.Р.(38) од Скопје.
Скопјанецот, информира МВР, бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од две години за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик.
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово во Скопје за издржување на казната.