Свет се сметал за пророк

Зимбабве: Уапсен водач на секта, искористувал 250 деца

Полицијата соопшти дека Исмаел Чокуронгерва (56), кој себеси се нарекувал пророк Исмаел, водел секта од повеќе од 1.000 членови на фарма, на околу 34 километри северозападно од главниот град Хараре.

Зимбабве: Уапсен водач на секта, искористувал 250 деца

Полицијата во Зимбабве уапси маж кој за себе тврдел дека е пророк на апостолската секта поради криминални активности, кои вклучуваат злоупотреба на деца. Со него се уапсени и седуммина негови помагачи.

Гардијан пишува дека во комплексот на апостолската секта над 250 деца работеле како евтина работна сила, а полицијата во дворот пронашла 16 гробови.

Полицијата соопшти дека Исмаел Чокуронгерва (56), кој себеси се нарекувал пророк Исмаел, водел секта од повеќе од 1.000 членови на фарма, на околу 34 километри северозападно од главниот град Хараре.

Децата живееле таму со другите членови на култот.

Децата, кои сега се спасени, биле користени за вршење на различни физички активности во корист на раководството на сектата, соопшти полицијата.

Од 251 дете, 246 деца немале извод од матична книга на родени.

Полицијата утврдила дека сите деца на училишна возраст не посетувале формално образование и биле експлоатирани како евтина работна сила.

„Децата работеа физичка работа како дел од учењето на животни вештини“, наведуваат од полицијата.

Меѓу гробовите откриени во дворот на комплексот се и гробовите на седум бебиња, чии погреби не биле регистрирани.

Во комплексот на сектата пред два дена бил извршен претрес, а од полицијата наведуваат дека дополнително ќе соопштат за повеќе детали по завршувањето на нивната истрага.

Во Зимбабве се многу популарни апостолските групи, кои ги мешаат традиционалните верувања со пентекосталната доктрина.

Најнови вести од Свет

To top