Жил Кунде минатото лето пристигна во Барселона како големо засилување, но може да си замине од „Камп Ноу“ на крајот на сезоната.
Французинот имаше добра прва сезона, но ваа сезона не е задоволен како се одвиваат работите и сака да ја промени средината.
Барселона за него потроши повеќе од 60 милиони евра, но е спремна да го продаде доколку пристигне понуда од 80 милиони евра.
Силен интерес за него покажуваат Челзи и Манчестер Јунајтед, кои се спремни да ја платат сумата која ја бара Барселона.