Рама го охрабрува раководството на Косово да продолжи да работи со заедничките сојузници за да „покаже дека Косово е доверлив партнер на Евроатлантската заедница“.
„Целосно ја поддржувам одлуката на Владата на Република Косово за спроведување на одлуката на Уставниот суд во врска со Дечанскиот манастир; подобро некогаш отколку никогаш. Го охрабрувам раководството на Косово да продолжи да работи со нашите заеднички сојузници за да покаже дека Република Косово е навистина доверлив партнер на Евро-атлантската заедница“, пишува Рама на платформата Икс.
Владата на Косово денеска и наложи на Агенцијата за катастар да ја спроведе одлуката на Уставниот суд за имотите кај Дечанскиот манастир.
-Имплементацијата значи дека имотите во околината на овој манастир ќе преминат во негова сопственост. Од 2016 година оваа одлука на Уставниот суд не се спроведува. Градоначалникот на општина Дечани, пак, пред неколку дена изјави дека ваква одлука никогаш нема да се спроведе, јави Топ чанел.