Без вода вечер од 22 часот ќе бидат жителите на Сопиште, Добри Дол и Ракотинци.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради санирање дефект на улица „1“ во Сопиште, во близина на црквата „Св. Мина“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато се додека не се санира дефектот.