Сопругата на Вељко Ражнатовиќ, Богдана денеска го прославува својот 28-ми роденден.
Богдана во моментов е бремена по трет пат и наскоро треба да го роди својот трет син, а бебето ќе го добие името Илијан, пренесуваат српските медиуми.
Снаата на балканската ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ на својот Инстаграм профил објави дека добила огромна кутија со ружи во која од ружи пишува „Те сакам“, а до кутијата имало и плишана играчка во форма на тигар.
Своја објава од роденденскиот подарок објави и нејзиниот сопруг Вељко.
-Среќен роденден живот мој, мајко и тигар мој, напиша Вељко додавајќи емотикон во облик на срце.