Многумина веруваат дека има работи за кои нема место во куќата, бидејќи наводно носат лоша среќа.
Некои верувања се длабоко вкоренети во народот и покрај тоа што немаат научна основа. Многумина ќе речат дека одредени работи се само суеверија, додека некои цврсто веруваат во нивната вистина.
Баба Ванѓа била убедена дека следните работи носат лоша среќа.
Оштетени предмети
Секогаш јадете и пијте од целосни и неоштетени чинии и чаши за да ја задржите добрата енергија и среќата во вашиот дом.
За среќа и просперитет
За да спречите среќата и просперитетот да го напуштат вашиот дом, ставете неколку парички во осамено ќоше.
Трошки на птиците
Подарете им леб и трошките што останале од ручекот или вечерата на птиците – така среќата ќе влезе во вашиот дом.
Не се фалете со вашата среќа
Никогаш не се фалете со својата среќа, а особено не правете го тоа пред странци. Нивната љубомора може да ви наштети на вашиот живот.
Скршено огледало
Не чувајте скршено или испукано огледало во куќата. Тоа ви ја краде среќата. Тој предмет нема место во вашиот дом.
Не за џебовите
Носете пари во паричникот – никогаш стуткани во џебовите. Тоа ќе ви помогне да постигнете просперитет.