Свет

Руските граничари ќе го напуштат аеродромот во Ереван во август

Руските граничари ќе го напуштат аеродромот на ерменскиот главен град Ереван на 1 август, соопшти ерменскиот премиер Никол Пашињан.

Руските граничари ќе го напуштат аеродромот во Ереван во август

Владата во Ереван минатата недела соопшти дека повеќе не и се потребни услугите на руските граничари во услови на заладени односи меѓу сегашното раководство на Ерменија и Русија.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека руската страна добила известување од Ерменија дека руската граничари на аеродромот во Ерменија треба да ги прекинат активностите и оти контактите со Ереван продолжуваат.

– Вистина е, во врска со тоа добиено е писмо од ресорот и сега се остваруваат контакти преку службите. Не можам да кажам повеќе од тоа, изјави Песков коментирајќи ја изјавата на ерменскиот премиер.

– Се разбира, контактите на сите можни нивоа ќе продолжат, додаде портпаролот на Кремљ.

Од 1992 година, руски граничари опслужуваат контролен пункт на аеродромот во главниот град на Ерменија. Во првата половина на 2000 година биле организирани курсеви за обука за локални контролори и руските и ерменските службеници почнале да работат заедно.

Најнови вести од Свет

To top