Свет МААЕ

Гроси: Нема директни проблеми во Запорожје поради забраната за пристап на украинскиот персонал

Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат за гранатирање во близина на нуклеарната централа. 

Гроси: Нема директни проблеми во Запорожје поради забраната за пристап на украинскиот персонал

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, денеска изјави дека нема директен безбедносен проблем поради забраната за пристап на украинскиот персонал во нуклеарната централа Запорожје.

-Ситуацијата не е одржлива на долг рок. Во исто време… персоналот што е таму може да ја заврши работата, рече Гроси во интервју за Ројтерс.

На прашањето дали има некакви безбедносни проблеми кои произлегуваат од тоа што на украинскиот персонал му бил забранет пристапот, тој одговори дека нема директни проблеми.

Сите шест реактори во нуклеарната централа се исклучени, но сè уште ѝ треба постојана струја за да го одржува ладно горивото во тие реактори и да спречи потенцијално катастрофално топење.

МААЕ, која има мал број свои вработени во Запорожје, оценува дека безбедноста во нуклеарната централа и натаму останува несигурна.

Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат за гранатирање во близина на нуклеарната централа.  (МИА)

To top