Армијата допрва треба да ги подготви силите потребни за офанзивата и не се завршени плановите за евакуација на цивилите од тој град во јужниот дел на Газа.
И додека силите може да се подготват на краток рок, евакуацијата на цивилите ќе трае најмалку две недели, рекле неименуваните официјални лица.
Израелската влада сè уште не ги потпишала плановите презентирани од страна на израелските одбранбени сили (ИДФ) за евакуација и офанзива, објаснија и воени и политички претставници.
Израелските власти предупредија дека офанзива на Рафа за време на светиот муслимански месец Рамазан не е исклучена.