Свет Анджеј Џуба

Поради невнимание во врска со злоупотреба на деца: Папата ја прифати оставката на полскиот бискуп

Медиумите јавуваат дека Џуба се соочува со обвиненија во Полска, објавија британските медиуми.

Поради невнимание во врска со злоупотреба на деца: Папата ја прифати оставката на полскиот бискуп

Папата Франциск ја прифати оставката на полскиот бискуп Анджеј Џуба поради невнимание во постапувањето со случаите на сексуална злоупотреба извршени од одредени свештеници врз малолетници, соопшти денеска апостолскиот нунциј во Полска.

Во соопштението се вели дека папата побарал од Џуба да поднесе оставка.

Џуба, кој бил епископ во Лович, не ги известил надлежните органи за случајот со свештеник од неговата епархија кој сексуално злоставувал 14-годишно момче, објавија локалните медиуми.

Медиумите јавуваат дека Џуба се соочува со обвиненија во Полска, објавија британските медиуми.

Папата Франциск пред неполн месец ја прифати оставката на полскиот надбискуп кој во документарен филм од 2021 година беше обвинет за „замижување“ пред сексуалната злоупотреба на деца.

Полската католичка црква пред две години објави дека од 1 јули 2018 до 31 декември 2020 година примила 368 пријави за сексуална злоупотреба на малолетници.

Според пописот од 2021 година, 71 отсто од населението на Полска се католици. (МИА)

Најнови вести од Свет

To top