На 07.03.2024 во 09:15 часот на Граничен премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода Ф.С.(45) од Косово поради сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“ по член 358 од Кривичниот законик.
Имено, околу 08.50 часот на граничниот премин не му бил дозволен влез во државата на автобус со косовски национални ознаки затоа што возачот не поседувал сертификат за професионален возач на автобус.
Набргу на преминот пристигнал Ф.С., сопственик на компанијата за која возел возачот, при што барал автобусот да биде пропуштен.
Притоа, тој понудил пари на сменоводителот, по што бил лишен од слобода и приведен во полициска станица.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.