Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (07.03.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот, соопштија од МВР.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 145 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 17 санкции, 22 мерки за возење без возачка дозвола, 11 санкции за користење мобилен телефон при возење, три мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло, девет мерки за некористење на сигурносен појас… Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, истакнаа од МВР.