Украинскиот претседател Володомир Зеленски денеска ќе отпатува во официјална посета на Турција.
За време на посетата детално ќе се разговара за текот на конфликтот меѓу Украина и Русија, најновата ситуација во контактите во врска со продолжувањето на Договорот за коридорот за извоз на жито и потрагата по постојан мир во регионот, соопшти Дирекцијата за комуникации на турскиот претседател.
Најавено е и дека турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган со својот украински колега ќе разговара за односите меѓу Турција и Украина. (МИА)