Во просториите на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) се одржа ждрепката за групите во Купот на Македонија.
Ова е последна фаза пред завршниот турнир во ова натпреварување, па така имаме четири групи од по четири екипи при што само најдобрите ќе обезбедат место во наредната фаза.
Носители на групите се Еурофарм Пелистер, Алкалоид, Вардар 1961 и ГРК Тиквеш 2014, а според извлекувањето најтешка задача ќе има актуелниот шампион.
Имено Пелистер се најде во група со незгодниот Охрид кој со доста мака го совлада пред некое време во Битола, тим кој во претходното коло го доби Алкалоид што доволно говори за неговиот квалитет. Останатите два клуба се Куманово и Скопје.
Бранителот на Куп трофејот, Вардар е во конкуренција на Пролет, Голден Арт и Радовиш. Групната фаза ќе се игра на 23. и 24. март.
Група 1: Еурофарм Пелистер 2, Прилеп, Мулти Есенс, Тиквеш
Група 2: Бутел, Алкалоид, Вардар Неготино, Струга
Група 3: Пролет, Радовиш, Вардар, Голден Арт
Група 4: Еурофарм Пелистер, Скопје, Охрид, Куманово