Музика

ФАНОВИТЕ БЕСНИ ПО ОДЛУКАТА: Соопштени правилата за начинот на избор на победник на Евровизија, по ова дефинитивно нема да сакате да гледате!

Иако има уште два месеци до почетокот на Евровизија, публиката на најпопуларното музичко натпреварување е разочарана од одлуката на организаторите.

ФАНОВИТЕ БЕСНИ ПО ОДЛУКАТА: Соопштени правилата за начинот на избор на победник на Евровизија, по ова дефинитивно нема да сакате да гледате!

Имено, минатата година многумина не биле задоволни од победата на Лорин, која триумфираше врз основа на гласовите на стручното жири и покрај тоа што миленик на публиката беше претставникот на Финска.

Иако беа напишани бројни петиции за гласовите на публиката да бидат приоритетни пред гласовите на жирито, системот на гласање и оваа година не е променет.

Европската радиодифузна унија потврди дека за пласманот во финалната вечер на Евровизија ќе одлучува и жирито и публиката во сооднос 50:50.

Евровизиските фанови не се задоволни од ваквата одлука бидејќи сметаат дека соодносот на гласање треба да биде 60:40 во корист на публиката, која сепак треба да го избере својот фаворит.

To top