Свет Одеса

Воздушен напад во Одеса додека во украинскиот град се Мицотакис и Зеленски

Посетата на Мицотакис на Одеса и средбата со Зеленски, од безбедносни причини, не беа официјално најавени.

Воздушен напад во Одеса додека во украинскиот град се Мицотакис и Зеленски

Не постои никаков проблем во однос на безбедноста на премиерот и грчката делегација, брифираат грчки владини извори по информациите дека во Одеса бил извршен воздушен напад, а во украинскиот град денеска е премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис, кој според неофицијални извори се сретна со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, јави дописничката на МИА од Атина.

Според видеата и информациите објавени на Х и Телеграм од Украина, околу 11 часот утрово имало предупредување за воздушен напад во Одеса по што се слушнале две силни експлозии, а не е јасно дали станува збор за балистички ракети или дронови.

Засега нема официјални информации за воздушниот напад.

Посетата на Мицотакис на Одеса и средбата со Зеленски, од безбедносни причини, не беа официјално најавени.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Во август минатата година украинскиот претседател беше во Атина на неформалната вечера што ја организираше грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за лидерите на Западен Балкан и на земјите-членки на ЕУ од регионот.

Официјална Атина континуирано ја изразува поддршката за Украина, како во одбраната на нејзинот територијален интегритет, така и за нејзината европска перспектива. (МИА)

To top