Во следните денови времето ќе биде променливо облачно, до крајот на работната седмица со повремени врнежи од дожд.
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека утре локални врнежи ќе има попладне и ќе бидат проследени со ретки грмежи.
Во четврток на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а на планините врнежите ќе бидат од снег.