АТП ја одржа ждрепката за завршниот турнир кај мажите кој ќе се одржи во Торино и имаме две интересни групи за крајот на тениската сезона.
Првиот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се најде во „зелената група“ заедно со Јаник Синер, Стефанос Циципас и Хелгер Руне. Карлос Алкараз, пак, ќе игра во „црвената група“ заедно со Данил Медведев, Андреј Рубљов и Александар Зверев.
Во двојки, во „зелената група“ играат Додиг/Крајчек, Гонзалез/Роже-Васелин, Гранољерс/Себаљос и Гонзалез/Молтени, а во „црвената група“ се најдоа Кохлоф/Скупски, Бопана/Ебден, Рам/Селсбјури и Хиџиката/Кублер.