На 02.03.2024 околу 19.30 часот во гостиварско Врапчиште, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово – Полициско одделение Галате го привеле 23-годишниот Ф.А. од Врапчиште, соопштија од МВР.
Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување едногодишна затворска казна за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”, казниво по член 215 од Кривичниот законик, истакнвуаат од МВР.
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната, додаваат од МВР.