Муцунски додаде дека со тоа што оценки за тоа колку е ужасен Извештајот на ЕК дадоа и доскорешни високи функционери на СДС, очигледно е дека е општ консензус дека Македонија досега не добила толку лош извештај.
„Оценка за колку е ужасен и негативен овој извештај денес даде и професорката Рената Дескоска, министер за правда предложен од СДС, поранешен потпретседател на СДС, а слична оцена даде и поранешниот министер за надворешни работи, вицепремиер и носител на листа на последните избори предложен од СДС, Никола Димитров. Следете ги оценките на сите претставници на невладиниот сектор, нивните изјави и ставови. Општ консензус е дека Македонија ваков ужасен извештај по својата содржина по недостатоците утврдени во него не видела“, потенцираше Муцунски.
Тој додаде дека со ваквиот лош извештај се поби тезата на власта која се себеси се нарекува проевропска, а го доби најнегативниот извештај во историјата на државата од страна на ЕУ.
„Никаков напредок во борбата против корупцијата, а низа коруптивни скандали. Никаков напредок во делот на владеењето на правото, огромен број злоупотреби на европското знаменце. Официјално се поби таа клучна теза дека оваа е проевропска влада која што носи проевропски фронт, на зборови проевропска влада која што го доби нај негативниот извештај во нашата историја од страна на ЕУ“ рече Муцунски и додаде:
„Сосема интересно е дека најнегативните критики и најголем број на коментари имаме во таканаречениот прв кластер којшто е поврзан со владеењето на правото, борбата со корупцијата, стабилни и функционални институции, а тој е тој кластер кој согласно новата методологија за пристапување кон ЕУ кој што и прв и последен се анализира од страна на европските институции и земјите членки при определување дали некој заслужува да стане земја членка на ЕУ. Значи, ние имаме катастрофа. Вакво нешто на нашата држава не ѝ се случило“.