Магдебург и Барселона одиграа драматичен меч во дерби пресметката од 13. коло во Лигата на шампионите, средба која беше одлучена пред звукот на сирената за славје на домаќините од 29:28.
Бундеслигашот знае да биде многу незгоден за каталонците во последниве години и тоа уште еднаш се потврди на пресметката во Германија која беше решена од страна на Гисли Кристјансон.
Исланѓанецот ја презема одговорноста во последниот напад и успеа да упати неодбранлив удар во мрежата на Перез Де Варгас за големо задоволство и славје на домашните навивачи. Токму Гисли со шест реализаиции беше прв стрелец, кај гостите пак се истакна Фраде со осум погодоци.
This is how you win #MOTW and the #POTM 𝐊𝐫𝐢𝐬𝐭𝐣𝐚𝐧𝐬𝐬𝐨𝐧 did it ✨#ehfcl #clm #daretorise pic.twitter.com/wFGRQ1NCs8
— EHF Champions League (@ehfcl) February 29, 2024