На 28.02.2024 во 14.00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода тројца малолетници од Скопје.
-Тие се сомничат дека околу 13.10 часот во Градскиот парк во Скопје, со уште две други лица, физички го нападнале Ф.П.А.(19) од Скопје и се обиделе да му го одземат паричникот, информира МВР.
По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.