Редовната исплата на пензиите ќе се реализира на 1.ви март во петок.
Од следниот месец согласно методологијата пензиите ќе скокнат за 5 проценти.
Најниската пензија се покачува за 626, а највисоката за 3.675 денари согласно новата методологија. Најниска пензија со септемвриското зголемување изнесува 12.527 денари, а највисоката 73.502 денари. Пластично објаснето тоа значи дека пензионерите со најниска пензија ќе добијат 626 денари покачување, а оние со највисока пензија зголемувањето е од 3.675 денари. Пензионерите со пониски пензии покрај ова ќе добиваат помош и до 3.000 денари.