Во Скопје променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне 16 степени.
Во петок на повеќе места ќе има врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, особено во западните и јужните делови (над 20 л/м2). Ќе дува повремено силен ветер од јужен правец (над 60 км/час). За време на викендот времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност.