Свет

Папата Франциск по денешната аудиенција е однесен во болница на преглед

Папата Франциск по денешната аудиенција е однесен во болница на преглед

Папата Франциск денеска по аудиенцијата е однесен во болница на преглед, велат изворите, откако тој морал да го остави читањето на говорот на еден од неговите помошници.

За време на аудиенцијата, Светиот Отец рече дека се уште не е целосно закрепнат откако го намалил распоредот во изминатите неколку дена поради симптоми слични на грип.

„Сè уште сум малку настинат“, рече папата Франциск за време на аудиенцијата во ватиканската сала Павле Шести.

Осумдесет и седумгодишниот папа, кој неодамна имаше низа здравствени проблеми, го откажа својот распоред за сабота и понеделник поради, како што соопшти Ватикан, благ грип.

Најнови вести од Свет

To top