Денеска, полициски службеници од СВР Скопје го привеле М.К.(30) откако денеска во 13.55 часот било пријавено дека се обидел со закана со пиштол да изврши разбојништво во филијала на банка во трговски центар на подрачје на општина Аеродром, но не успеал во намерата и се дал во бегство.
Веднаш по добиената пријава, преземени се мерки и активности и М.К. е пронајден и лишен од слобода.