Во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври минатата година до сега се убиени 29.878 Палестинци, соопшти Министерството за здравство во Газа.
Во соопштението се наведува дека при израелските напади, кои траат 144 дена, повредени се 70.215 луѓе.
Додека во изминатите 24 часа во Појасот Газа загинале 96 лица, а 172 се повредени.
Според податоци на Обединети нации, поради израелските напади интерно раселени се 85 проценти од населението, а 60 отсто од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена. (МИА)