Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан одговори на прашање за можна работа во италијанското првенство.
Педесет и едногодишниот Французин присуствуваше на премиерата на документарниот филм за поранешниот селектор на Јувентус и Италија, Марчело Липи. Таму беше прашан за можна работа во Серија А.
-Зошто да не, се може да се случи. Сега правам други работи, но ќе видиме. Се разбира, би сакал повторно да се вратам на работа, го цитира новинарот Џанлука Ди Марцио одговорот на Зидан.
Зидан е без ангажман од летото 2021 година, кога по втор пат во својата тренерска кариера го напушти Реал Мадрид.