Македонија

Пред убиството на Туша било запалено кафулето „Барон“ по кое името го носи една од скопските банди

Пред убиството на Туша било запалено кафулето „Барон“ по кое името го носи една од скопските банди

Пред убиството на таткото на Гани Туша, ноќеска имало пожар во кафулето „Барон“ чие име го носи и криминалната група од Чаир, објави Телма.

Според телевизијата, на групата „Барон“ припадник е и сега притворениот Гани Туша, чиј татко беше пронајден убиен во автомобил во близина на селото Горно Блаце. Поради тоа се истражува и евентуална поврзаност на пожарот со убиството во Блаце.

Пожарот бил пријавен рано утрово околу 4 часот по што едно возило на противпожарната бригада интервенирало и за околу 40-тина минути го изгаснало пожарот.

Доцна попладнево е најдено телото на 56-годишниот Туша во Блаце. Неговиот син Гани Туша е во притвор во Скопје под сомнежи дека учествувал во двојното убиство во Шиша бар и во убиството на Халкидики кога беа ликвидирани тројца од кои двајца водачи на ривалската група Дуќанџик/Грчец.

Војната меѓу двете скопски криминални групи само минатата година резултираше со најмалку 4 убиени во пресметките и заседите во Скопје, Косово и Грција Со уличната гангстерска војна беа поврзувани и нападите врз Штекли во Ист гејт молот, како и повеќе убиства извршени во претходните 12 години. Мотивот за престрелките е борба за скопскиот нарко пазар, беа сомнежите на полицијата која на почетокот на годината направи акција за апсење на членови на групата Грчец.

Најнови вести од Македонија

To top