Македонија

Тошковски на средби со амбасадорите на Австрија и Хрватска во земјава: Двете земји имаат разбирање за граѓаните со старите пасоши кои се во нивните земји

Тошковски на средби со амбасадорите на Австрија и Хрватска во земјава: Двете земји имаат разбирање за граѓаните со старите пасоши кои се во нивните земји

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски преку статус на Фејсбук пишува дека денес оствари средба со амбасадорите на Австрија и Хрватска во нашата земја.

„Во рамки на денешните активности остварив две работни средби со странски дипломатски претставници, односно амбасадорот на Република Австрија Н.Е. Мартин Памер и амбасадорката на Република Хрватска Н.Е. Нивес Тигањ.

На средбите разговаравме за функционирањето на техничката Влада и нашата улога како Министерство за внатрешни работи во поглед на спроведување фер и демократски изборен процес.

Во однос на македонските патни исправи двајцата амбасадори истакнаа дека нивните држави имаат разбирање за овој проблем и излегуваат во пресрет на македонските граѓани кои можат непречено да го остваруваат правото на слободно движење во Австрија и Хрватска со старите патни исправи, доколку истите имаат валиден рок, за што од моја страна беше изразена голема благодарност“, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Најнови вести од Македонија

To top