Македонија прес-конференција

Стефковски: Набавивме механизација за комуналното претпријатие, почнуваме со градба на рекреативен комплекс, а ќе се градат ново училиште, детска градинка и спортска сала

Денес во посета на општина Гази Баба е претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со кого заедно промовиравме два проекти. Првиот е комплетно завршен проект, а тоа е набавка на нова механизација за јавното комунално претпријатие кое се состои од камион кипер со носивост до 1.200 килограми, кој што ќе биде наменет за подобрување на состојбата со комунален отпад и комуналната хигиена на територија на општина Гази Баба, рече на денешната прес-конференција градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

Стефковски: Набавивме механизација за комуналното претпријатие, почнуваме со градба на рекреативен комплекс, а ќе се градат ново училиште, детска градинка и спортска сала

Денес во посета на општина Гази Баба е претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со кого заедно промовиравме два проекти. Првиот е комплетно завршен проект, а тоа е набавка на нова механизација за јавното комунално претпријатие кое се состои од камион кипер со носивост до 1.200 килограми, кој што ќе биде наменет за подобрување на состојбата со комунален отпад и комуналната хигиена на територија на општина Гази Баба, рече на денешната прес-конференција градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

Второто возило е вакуумска цистерна која што ќе биде наменета за решавање на проблемите на граѓаните кои што ги имаат околу фекалните канализации. И третото возило е камионет кој што исто така ќе биде наменет за решавање на проблемите на граѓаните кои што ги имаат околу водоводните системи, каптажите и фекалните канализациони системи, особено во високите рурални средини. Вкупната инвестиција на набавката на механизација за јавното комунално претпријатие е девет милиони денари, средства обезбедени од буџетот на Општина Гази Баба. И сметам дека со оваа набавка јавното комунално претпријатие доби соодветни ресурси со цел навистина да прерасне во вистински сервис на граѓаните. Вториот проект кој што го промовираме токму тука во населеното место Хиподром е изградба на нов спортско рекреативен комплекс кој што ќе се содржи од две мултифункционални игралишта. Првото мултифункционално игралиште односно спортски терен ќе биде наменет за одбојка и за кошарка, на соодветна подлога од тартан. А, вториот спортски терен ќе биде наменет за ракомет и мал фудбал, кој што ќе биде на специјализирана, гумирана гранулатна подлога. Исто така проектот предвидува комплетно осветлување на овој комплекс и изградба на ново детско катче, фитнес зона и комплетно хортикултурно уредување со патеки од павер елементи. Ова беше едно од кредитните барања на граѓаните на населеното Хиподром и сметам дека ќе добијат еден спортски центар во кој што ќе можат особено помладите да спортуваат, рекреираат и да се дружат тука. Како локална самоуправа и наредниот период продолжуваме со посветено и засилено темпо да работиме на реализација на капитални инвестиции. Од тука во оваа прилика сакам да најавам дека за многу кратко од денес започнуваме со изградба на нова училишна зграда во основното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто. Постапката ни е при крај, во делот на избор на изведувач на градежните работи јас убеден сум дека за неполн месец од сега ќе започнеме со изградба на ова основно училиште, истакна Стефковски.

Дополнително интензивно работиме на подготвување на документација за распишување на два поголеми капитални проекти, а тоа е изградба на детската градинка во Трубарево и изградба на детска градинка во Инџиково, вели Стефковски.

Исто така ја распишавме постапката за довршување на спортската сала во Булачани. И убеден сум дека почетокот на школската година од септември учениците ќе имаат можност на часовите по физичко и здравствено образование да ги одржуваат во една современа спортска сала. Понатаму продолжуваме со нови спортски терени, нови детски игралишта. Оваа година имаме распишано постапка да асфалтираме повеќе од 30 улици на територија на општина Гази Баба. Имаме обезбедено средство за изградба на поголем дел на фекалните канализации во руралните населени места, тука ќе споменам и Јурумлери како едно најголемо населено место за кое што имаме обезбедено милион евра за фекална канализација. А, потоа Трубарево, Чукур маало, Гоце Делчев и продолжуваме со градежни активности и во Црешево, потенцира Стефковски.

Така што како локална самоуправа работиме со засилено темпо, со цел од ден во ден Гази Баба да прерасне во едно поубаво место за живеење, додава Стефковски

To top