Во Скопје, променливо облачно и релативно топло време. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се спуштат до осум, а максималните ќе достигнат до 17 степени.
До среда времето ќе биде променливо облачно и релативно топло со умерен до краткотрајно засилен ветер од јужен правец. Во ноќта кон четврток ќе започнат врнежи од дожд кои во четврток се очекуваат да бидат наместа пообилни и проследени со засилен јужен ветер.