Селекторот на македонската машка репрезентација, Александар Јончевски, направи една принудна измена во составот пред задутрешната пресметка на гости кај Полска (18 часот), втора во квалификациите за ЕП 2025 по синоќешниот пораз на домашен терен против Естонија (69-74).
Во тимот ќе се најде Марин Петков и тоа на местото на Лејсон Зеќири, кој по средбата се пожалил на стомачни проблеми.
За 21-годишниот плејмејкер на МЗТ Скопје ова ќе биде првпат да се најде меѓу најдобрите 12 во сениорскиот национален тим, што ќе му овозможи шанса за деби во жолто-црвениот дрес.