Само еден месец откако стивна последната „инвазија на комарци“ на Буенос Аирес, главниот град на Аргентина и неговата околина повторно се на удар на овие инсекти, пишува Буенос Аирес Тајмс.
Поради големиот број комарци, постои зголемена загриженост за ширењето на Денга треската во регионот, а локалните жители се повеќе бараат дезинсекција за да се справат со ширењето на видот aedes albifasciatus, исто така познат како „комарци од поплава“, кои се карактеристични за областа.
Argentina: Mosquito invasion in Buenos Aires metro stations
Metro drivers have been ordered not to stop due to the massive invasion of the bloodthirsty insects in the Argentinan capital.
🔗 Alertas Transito pic.twitter.com/FVSgMVywL2
— I’m No Angel (@HappyCamper2626) February 24, 2024
Доаѓањето на комарци е втора ваква наезда од почетокот на годинава. Експертите предупредуваат дека се очекува роевите да траат неколку недели, бидејќи возрасните комарци имаат животен век од околу 20 дена. Во случај на дополнителни врнежи, неволјата може да се продолжи.
Mosquitoes invasion in Argentina right now pic.twitter.com/XxLpOW0hs3
— Wonderful Moment (@Xudong1966) February 23, 2024
Појавата на огромен број комарци беше поттикната од дождот. Обилните дождови можат да предизвикаат поплави и вирови каде што се размножуваат комарците.