Фудбалерот на Реал Мадрид, Хоселу е повреден и нема да може да им помогне на соиграчите во наредните три седмици.
33-годишниот Шпанец на тој начин ќе биде надвор од терените за реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Лајпциг на 6 март, а исто така нема да игра во Ла Лига против Севилја и против Валенсија.
Хоселу е на позајмица од Еспањол до крајот на сезоната, но раководството на Реал Мадрид има намера да го откупи договорот на играчот.
Оваа сезона, Хоселу одигра 35 натпревари за Реал Мадрид, постигнувајќи 13 гола и четири асистенции.