Македонија БРАВО!

Панчо и Андреј од ДНК ја продаваат наградата од „Златна Бубамара“: Парите ќе ги донираат за лекување на Лео

Почетната цена на статуетката е 6.000денари, но искрено се надеваме дека сумата ќе достигне многу повеќе.

Панчо и Андреј од ДНК ја продаваат наградата од „Златна Бубамара“: Парите ќе ги донираат за лекување на Лео

Како и минатата година, така и оваа, добиена награда на Златна Бубамара, Панчо и Андреј од ДНК решија да ја стават на лицитација за хумани цели.

-Овој пат средствата кои ќе бидат собрани, ќе бидат наменети за лекувањето на ЛЕОНИД ИНДОВ – ЛЕО кој заедно со неговата фамилија ја водат најтешката битка во животот. За жал државата по милионити пат нема слух за вакви ситуации, но затоа ДНК заедно со народот сме секогаш тука да помогнеме колку што можеме и дозволуваат нашите можности. Почетната цена на статуетката е 6.000денари, но искрено се надеваме дека сумата ќе достигне многу повеќе. Ги повикувам сите големи фирми, корпорации и хумани луѓе кои сакаат да ја имаат оваа статуетка во нивните витрини да се приклучат кон лицитацијата, која секогаш ќе ги потсетува за нивното направено хумано дело. Сопственик на “бубамарата” ќе стане оној кој последен ќе ја даде највисоката сума (сумата треба да напишете во коментар), а статуетката ќе биде предадена лично од нас, во пакет со потпишано ексклузивно цеде од нашиот последен албум “ДВАЕСЕТ” и двд издание од јубилејниот концерт одржан во арената „Борис Трајковски”, велат ДНК.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pancho | DNK (@djshortypofficial)

To top