Познати

Лични предмети на Елтон Џон продадени за над седум милиони евра

Повеќето од предметите доаѓаат од неговиот луксузен дом во Атланта, Џорџија, што Џон и неговиот сопруг неодамна го продадоа.

Лични предмети на Елтон Џон продадени за над седум милиони евра

Сребреникавите чизми со монограм на Елтон Џон достигнаа скоро 100.000 долари (околу 92.000 евра), а триптихот од уличниот уметник Бенкси – околу два милиони долари (околу 1,85 милиони евра) на наддавањето на „Сотби’с“ во Њујорк, САД.

Сѐ на сѐ, личните предмети на музичарот се продадени за речиси 7,4 милиони евра.

Додека колекционерите наддаваа на вчерашната аукција, клавирот на Џон достигна цена од повеќе од 200.000 долари, а очилата за сонце – можеби клучни во препознатливиот изглед на пејачот, најдоа купувач за 22.680 долари, 10 пати повеќе од првичната проценка.

Повеќето од предметите доаѓаат од неговиот луксузен дом во Атланта, Џорџија, што Џон и неговиот сопруг неодамна го продадоа. Со дела и од уметниците Кит Харинг, Енди Ворхол, Роберт Меплторп и Ричард Аведон, поп-пејачот го демонстрира вкусот за современа уметност, велат познавачите.

Аукциската куќа спроведува серија од осум продажби до 28 февруари, со присуство и онлајн.

Наддавањата за личните предмети и колекции на ѕвезди од поп-културата станаа редовeн настан на врвните светски аукциски куќи. Минатиот септември, на пр., илјадници предмети на починатиот пејач на „Квин“ – Фреди Меркјури, беа продадени за 40 милиони фунти (околу 46,3 милиони евра).

Елтон Џон (77), познат по хитовите „Your Song“, „Rocket Man“ и „Sacrifice“, по раскошните костими и сценски настапи и посветеноста во борбата против ХИВ – СИДА, минатата година ја заврши својата проштална турнеја.

To top