До Државната изборна комисија (ДИК) досега се поднесени вкупно седум изјави за прифаќање на иницијатива за собирање потписи за кандидирање за Претседател на Република Северна Македонија. Собирањето на потписи за листи на кандидат за претседател на државата почнува утре.
Од ДИК информираат дека тројца од подносителите на изјавите, Вело Марковски, Билјана Ванковска Цветковска и Стевчо Јакимовски, ќе собираат потписи за кандидатура во подрачните канцеларии на Државната изборна комисија и пред нотари кои самите ги определиле. ДИК ги објавува листите на нотари каде што ќе се собираат потписите за кандидирање за Вело Марковски, Билјана Ванковска Цветковска и Стевчо Јакимовски, велат од ДИК.
Како што соопшти ДИК, четворица од подносителите, собирањето на потписите за кандидирање за претседател ќе го реализираат во подрачните канцеларии на Државната изборна комисија: Томе Николоски, Бујар Османи, Господин Поповски и Максим Димитриевски.