Премиерот Талат Џафери, денеска изврши увид во Детската градинка „Фидани 3“ во Општина Чаир, по што даде изјава за медиумите во која порача дека соживотот се учи уште од најраната возраст.
-Денес сме во Општина Чаир и во надгледување на работите во изградбата на градинката „Фидани 3“, што под претпоставка има две сестрински објекти што се завршени претходно и биле во функција претходно, но не биле доволни како простории. Секако, објектот е во фаза на изградба. Според информациите на изведувачите, работата до крајот на април би требало да е затворена со изградбата, со сета опрема и од крајот на април, може да се стави во функција да ги вдоми децата тука, рече тој.
Посочи дека објектот е современ, габарит меѓу најголемите, арматура која се предвидува за 300 деца да има можност да се сместат за сите возрасти.
-Тоа е она што треба да го правиме и го правиме во континуитет во однос на потребите и на Општината Чаир и пошироко од Општината, за да може да ги задоволуваат потребите и на родителите и на децата и на персоналот кој ќе биде ангажиран во работата и функционирањето на овој објект, истакна тој.