Ракометната федерација на Македонија го избра Скопје за град-домаќин на реваншот од бараж двомечот со Фарски Острови од квалификациите за СП 2025 година.
Реваншот меѓу Македонија и Фарски Острови е закажан за 12 мај со почеток во 19:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“.
Првата средба е на програмата на 8 мај во главниот град на Фарски Острови, Торшавн, со почеток во 18:00 часот.
Мундијалот во 2025 година ќе се игра во Данска, Норвешка и Хрватска, а градови-домаќини се Загреб, Пореч, Вараждин, Хернинг и Осло.
Македонија има континуитет на настапи од 2013 па наваму на сите СП – од Шпанија, Катар, Франција, Германија/Данска, Египет и Полска/Шведска.