Познати видео

„Плачев поголем дел од времето“: Ново огласување на кралот Чарлс по дијагнозата на рак

Палатата објави претходно овој месец дека на Чарлс (75) му бил дијагностициран облик на рак, помалку од 18 месеци од неговото владеење.

„Плачев поголем дел од времето“: Ново огласување на кралот Чарлс по дијагнозата на рак

Британскиот крал Чарлс за време на состанокот со премиерот Риши Сунак во средата рече дека бил трогнат до солзи од пораките за поддршка по неговата дијагноза за рак. Палатата објави претходно овој месец дека на Чарлс (75) му бил дијагностициран облик на рак, помалку од 18 месеци од неговото владеење.

-Добив толку многу прекрасни пораки и честитки… Поголемиот дел од времето бев во солзи поради тоа, рече Чарлс за време на неделната средба со Сунак.

-Сите се со вас, одговори Сунак на средбата велејќи му на Чарлс дека е одлично што го гледа и дека изгледа добро.

Монархот одржува неделна приватна средба со премиерот, иако на камерите повремено им е дозволено да го снимаат почетокот на состанокот. Состанокот во средата е првата официјална лична аудиенција што Чарлс ја одржа со Сунак откако му беше дијагностицирана неодредена форма на рак.

Бакингемската палата соопшти дека кралот ќе продолжи да ги извршува државните должности додека се лекува од рак.

Бакингемската палата не откри за каков вид на рак се работи (не се работи за рак на простата), но кралот почнал редовно да се лекува.

Кралот ќе ги одложи јавните ангажмани поради болест, а другите членови на кралското семејство ќе продолжат со своите обврски. Според The ​​Sun, поголемиот дел од должностите на Чарлс ќе ги преземат неговиот син и престолонаследник, принцот Вилијам (41) и сопругата на кралот, кралицата Камила (76).

To top