Ракомет

Ангеловски: Кил е одлична шанса да видиме дали напредува Еурофарм Пелистер

Ангеловски: Кил е одлична шанса да видиме дали напредува Еурофарм Пелистер

Ракометарите на Еурофарм Пелистер во рамките од 12 коло во групата „А“ во Лигата на шампионите ќе играат против Кил.

Бундеслигашот ја има фаворитската улога против актуелниот македонски шампион, Германците моментно се на првото место на табелата со 16 бодови, додека битолската екипа е на последното осмо место без ниту еден бод.

Своите очекувања за овој натпревар ги сподели тренерот на Еурофарм Пелистер, Бранислав Ангеловски:

– Германија е колевка на ракометот, Кил е клуб со огромна традиција. Немаат најдобри резултати, но затоа одат со амбиции сезонава да ја освојат европската титула. Кил игра исклучително врвен ракомет, за нас ова е одлична шанса да видиме дали имаме напредок и уште колку би требало да работиме за да бидеме блиску до нив. Би сакал да биде слично како на натпреварот во Битола, мислам дека тоа беше прв момент во кој покажавме дека можеме да играме против гиганти во ракометната игра. Мора да ја имаме таа пожртвуваност, густина во одбраната, за да можеме да парираме на германскиот напад – вели Ангеловски.

To top